Европскиот суд посегна по најсветото на христијаните – Ќе биде забрането крштевањето на бебињата?

Крштевањето на бебиња беше забрането од страна на Европскиот суд за човекови права, пишува ilgiomale.it. Според одлуката на судот, од март 2016г. крштевањето на децата ќе биде во спротивност со европските закони и ќе се смета за кривично дело.

Еве какви се мотивите за скандалозното решение: “Крштевањето на деца го прекршува членот 16 од Европската конвенција во врска со член 22: доенчињата, всушност, се уште не се во можност да разбираат и да остваруваат слободна волја, туку всушност се во позиција да прифатат одредена вера, без да се свесни за тоа. Крштевањето е чин кој треба да биде избран свесно и не може да биде наметнат од врвот од религиозна организација (во случајот христијанството), особено во момент како овој, кога Европа се најде во затрупана во јазол од раси, култури и религии. Практиката на оваа света тајна е во спротивност со најдобрите интереси на детето, во согласност со чл. 3 од Конвенцијата за правата на детето, ратификувана на 25-ти мај 1992. Ова право гарантира личната слобода.

Зборовите на Судот за човекови права се многу јасни и веќе предизвикаа жестока дебата. Репортерот на “Тајмс” Ендрју МакФарел зборува за мудар избор: “Судиите во Стразбур секогаш имале клучна улога за слободна, демократска и секуларна Европа. Денес е голем ден. Кршталниот обред веќе нема да се наметнува на суштества во несознание. Така секој во зрела возраст може да се идентификува и да избере религијата или верата која се допаѓа најмногу “.

Постојат аргументи и во спротивна насока. Радио водителот Мајкл Вол зборува за крајот на Западот: “Веќе посегнуваат и на христијанството. Силното лоби во Европа што не ги зема предвид особеностите на нациите и треба да биде суспендирано решително, пред да биде предоцна”. Се уште нема изјава од Ватикан, но во неделата се очекува прес-конференција, на која ќе биде коментирана мерката.

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) негираше дека владејастите го забрануваат именувањето на новороденчиња и дека тоа “нарушува нивната слобода”.