Џoрџ Фридман: Русија ќе се распадне за две години

Основачот и претседателот на „Стратфор” Џорџ Фридман, смета дека Русија за две години може да се распадне.

fridmannn

„ За Русија наредниве две години ќе бидат критични, затоа што падот на цената на нафтата го празни веќе преоптеретениот руски буџет. Па, економијата на земјата би можела да крахира, исто како што му се случи на Советскиот сојуз во 1991” – оценува американскиот геополитички експерт Фриман.

Тој додава дека својата прогноза ја темели на неодамнешната одлука на Москва да ги прекини сите странски позајмувања, кои како што вели Фридман, биле едни од главните средства на рускиот претседател Владимир Путин .

Фридман е уверен дека во наредните две години, Русија ќе биде агресивна со воените интервенции во Сирија, затоа што, како што вели тој, тоа е стратегија на Путин да го сврти вниманието на јавноста од економијата на државата.

„ Во тоа рускиот претседател нема да успее, иако во моментов е поопасен од кога и да било до сега” – оценува Фридман.