Мигрант од Сирија преку ноќ стана милионер

Животот на триесетгодишниот Сириец, се смена во секунда, откако освои милион евра на француската лотарија.

Со уплата од 10 евра, сириецот денес на сметката е „потежок” за милион евра.

Мажот од Сирија во Франција мигрирал во 2011 година, каде заработувал за живот како обичен работник.

Со првиот милион, сириецот си купил стан, а планира во Франција да го донесе и останатиот дел од својата фамилија. Кога ќе го усоврши францускиот јазик, планира да отвори и ресторан.