Потресна исповед на бабата што наследи милиони долари: Што ќе ми се проклетите пари – ми треба леб и вода

Старица (86) која живее од 10.000 динари пензија, пред Нова година, на сметка и легнале речиси милион австралиски долари кои ги наследила од покојниот маж, а исто така наследила и неколку милиони во недвижнини кои се наоѓаат во Австралија.

67320_06-marija-3_f

Баба Мара практично не видела ниту скршена пара од толку многу милиони кои по смртта на мажот во 2011 година, биле уплатени од Австралија.
Ја ограбиле измамници кои лажеле дека се грижат за неа. Наместо да и обезбедат мирна старост, тие ваделе пари од нејзината сметка, така што дури ни таа не знае дали веќе има нешто на сметката.
Мара, новинарите нa српки информер ја пронашле во трошната куќа која е пред распаѓање и таа е одвоена од другите куќи, длабоко во шумата. Живее само со кокошки и кучиња, неуредна, неизмиена, во искината облека, од која и питачите би засрамиле. Во куќарката има само стар шпорет, излупен шкаф, а постелата е на земјата. Ѕидовите се поцрнети, небојадисани и раскопани … Нема ниту траг ниту знак за луксуз и милиони.
Старицата од праг им кажала за својата неверојатна животна приказна.
– Мојот сопруг и јас по војната, отидовме во Австралија во местото Гвилфорд, во потрага за леб и работа. Тој работеше во една фабрика и во градежништиво, а јас бев домаќинка, па не можев да издржам повеќе и се вратив без него, по две години бев во селото. Јас сум тука со години живеам од пензија и земјоделство. Потоа одеднаш дојде сето ова богатство од кое јас немам фајде. Гледаш од што и како живеам, но јас не се жалам. Што ќе ми е богатство – други го земаа, а мене ми треба само малку леб и вода, за мене, моите кучиња и за кокошките – рече баба Мара

67320_06-marija-3_f (1)

Таа вели дека со нејзиниот сопруга не ја прекинале врската. Се допишувал со неа и понекогаш и испраќал по некоја пара. Во меѓув реме заработил богатство во вредност од пет милиони долари. Тој починал пред четири години, не оставајќи никој зад себе. Подоцна дознала дека тој во Австралија имал друга жена, легално, законски венчана некаде во Србија. И така баба ми Мара ги наследила милионите.

– Кога дознав за наследството, замолив една жена од Бољевац, наречена Мара, исто како мене, да ми помогне. Жената се заврши, но парите ги зеде човекот со кого имам договор да ме чува до смрт. Тој ми рече дека парите се поделени на три дела, на книшка за мене, Марија и за него. Но, тоа не е така … Пусти пари ништо добро не ми донесоа, живеам полошо отколку пред тоа.Староста ме стаса. Овде во шумата ме посетуваат луѓете кои треба да ме чуваат. Еве, три дена не можат да се дојдат од снегот – додава Мара.
Човекот од регионот на Бољевац кој, наводно, склучил договор да ја дочува Марија не бил подготвен да разговара со новинарите. Не само што не сакал да каже нешто, но тој ја повикал полицијата за да ги заплаши новинарите. Каде е чудесното богатство, која Марија го наследила? Никој сигурно не може да потврди.

67319_06-marija-2_f

Соседот на Марија е запознаен со судбината на српската “милионерка од калта”, тој има своја верзија:
– Знам дека наследството на Момчило беше околу пет милиони долари. Тој имал имот и заштеди. Три или четири години државата не можела да го најде неговиот наследник, а во меѓу време правилно е наплатен данок, па збирот се стопил. Иако Марија има наследено од пет милиони долари, за неа испратиле 940.000 долари. А, тие парите ги изеле измамници – вели изворот.

Според зборовите на еден човек кој знае што се случило со парите на Марија кој сакал да остане анонимен, најмногу пари од наследството ги зел човекот со кого има договор за доживотно чување.
– Марија Андреевиќ од Бољевац, која најмногу и помогнала на бабата за парите од наследство добила само добила 28.000 долари, но требала повеќе. Сите ги зел човекот кој требал да ја гледа. Тој си купил нов трактор и машини, но сеја не сака да признае од каде ги добил парите. Сега лаже дека имало и други наследници на парите на Марија – вели изворот.