Фејсбук објава на една жена: Да бидеш добра мајка не значи да поминеш цела вечност во чистење

Многу мајки би се согласиле – не постои еден и единствен, правилен начин на воспитување и чување на децата.

А, родители како австралиската блогерка Констанс Хол знаат дека интернетот е преполн со совети околу тоа што е правилно, а што не и како би требало да ги воспитувате вашите деца.

Како одговор за критикувањето на родителите, Хол напишала Фејсбук статус кој ги разгледува сите оние начини на кои родителите се судат.

Секое семејство е различно, па не би требало да се суди или критикува за начинот на кој ги воспитува своите деца.

Во својот Фејсбук статус таа напишала:

„За жената во паркот која гледа во својот мобилен телефон и ги игнорира своите деца – Ти наздравувам.

Затоа што не ти е грижа за тоа што јавноста претпоставува дека треба да бидеш концентрирана 24 часа во денот.

Што не ти е грижа за тоа што „мајките полицајки“ ќе кажат за тебе.

За жената која ги остава садовите и оди на кафе со своите пријателки – Ти наздравувам.

Да бидеш добра мајка или сопруга или човечко суштество не значи дека цела вечност треба да ја поминеш во чистење. Ако ги оставиш садовите доволно долго, твоите пријатели ќе ти помогнат.

Верувај ми.

За жената која трпеливо чека да добие антидепресиви од докторот – Ти наздравувам.

Постпородилната депресија е непријатна. Сè уште се снаоѓаш, не ја сфаќај депресијата како да не си способна да се снајдеш во ситуацијата, си ги преземала работите во свои раце, мене ми изгледаш како кралица на снаодливоста.

Многу често силината и слабоста се мешаат, сила е да побараш помош.

Силна си.

Многу жени поминуваат низ истата работа како и ти, само не сакаат да зборуваат за тоа.

За жените кои не ги изгубија сите килограми по породувањето – Ви наздравувам.

Новата 24-часовна „работа“ за која не добивате пари и која нема да заврши наредните 20 години не е добро време да се откажете од тортата. Уживајте во неа, јадете ја и игнорирајте ги сите оние кои ќе ви кажат дека треба да се откажете од неа. Вашето тело не треба да биде извор на коментари на јавноста.

Со многу љубов,

Од мајката на која секој ден и е исполнет со големи неуспеси и микро победи, а чие срце секојпат успева да експлодира од љубовта за мини армијата која ја поседува“.