Ќерката на Маленко до него: Единствениот успех ти е што си зачнал неколку деца

Лора Турунџиева, ќерката на водителката Сузана Турунџиева и прво дете на пливачот Александар Маленко, со долго јавно и искрено писмо му го „честиташе“ роденденот на нејзиниот татко.

lora

„Првото дете на секој родител треба да значи прва среќа, НАЈГОЛЕМА, немерлива со ниедна дотогаш…прва љубов, кон тоа мало, невино суштество кое е твоја крв, дел од тебе…..Првото дете е плод на љубовта на двајца партнери кои се сакаат.Но дури и кога ќе престанат да се сакаат, тоа дете останува да постои…

И сосема разбирливо е дека тоа треба да се сака, и кога родителите ќе се разделат, секој на своја страна, по свој пат… И тоа уште посилно, за тоа да не почувствува разединетост, тага… Некои родители можеби не го сфатиле тоа или едноставно своето дете го заборавиле, избришале, незнам со која совест, но најверојатно немале ни трошка совест.

Љубов према своето дете се искажува со треперење врз него додека тоа е сеуште малечко, но и подоцна, кога ќе порасне… Со доволно издвоено време и внимание кое треба да му се посвети… .. Со грижа и со насмевка…да го држиш за раче додека ги прави првите чекори.. Да се сеќава на моменти од детството кои ќе ги раскажува низ смеа кога ќе биде големо…

Јас, освен на спомени врзани за мојата мајка и баба, немам со што да се сеќавам на тебе… Ти, иако си постоел неколку години во мојот живот, исто како и никогаш да не си постоел… Не си оставил ниеден убав спомен во моето срце… Немам ниедна ситуација, на која можам да се сетам дека јас некогаш, во моето најрано детство живеев со татко… дека сум родена во брак.

Не се сеќавам ниту на тоа што си работел, по што те препознавале луѓето… Мислам дека си пливал, во вода… НО КАКО РОДИТЕЛ, НИКОГАШ НЕ НАУЧИ ДА „ПЛИВАШ““… Тука се „удави“, и тоа во плиткото!!!
Многумина велат дека си можел да направиш светска кариера, но не си умеел да ги искористиш своите 5 минути…

Е па жалам, ЈАС ТИ ДАДОВ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД 5 МИНУТИ, ама тебе не ти проработе совеста… Сега оди пливај! И распрашај се некаде…ако постои аптека во која продава совест, купи си, и лекувај се… Којзнае, можеби ќе успееш да се излекуваш…

Мојата мајка, целото мое детство ми беше две во едно…и мајка и татко! И да ти кажам право, многу подобар „пливач“ е од тебе… „Плива“ во секакви води, без да покаже замор, немоќ или пак да признае дека и е тешко… НЕЈЗЕ УСТВАРИ, НИШТО НЕ И Е ТЕШКО!!!

Мојата бабичка Блага беше таа која буквално се тресеше над мене деноноќно и секој миг и помагаше онолку колку што можеше и не можеше на мојата мајка која работеше како водителка, пееше по фестивали и си ја градеше својата водителска кариера и така носеше пари дома за нас..

Јас, во тие години не добив ниту чоколадо од тебе… За алиментација и да не зборуваме… Освен првите 3 мееци, додека не се прежени, потоа, ни денар не ми даде за да имам и јас џепарац како другите деца… Со години наназад гледав како на моите другарки, татковците кои се разделени со нивните мајки доаѓаат, ги земаат со кола од школо, ги носат во шопинг, на ручек, на доктор и секаде каде што е неопходно…

Мојата баба ја напушти работата како учителка, а можеше да работи сеуште, само за да може да се грижи за мене, да и помага на мајка ми , едноставно да се посвети на мене и да ме израсне.. Тоа неа не и претставуваше тешкотија, напротив – уживаше, ја исполнуваше и ден денес знае да ми каже: Ех Лора во колкава убава девојка те пораснав..

Мојот очув кој ме гледа како свое дете е токму тој кој од првиот ден кога ме запозна се труди да ме запознае во целост, да дознае што ме мачи, што ми треба и што би сакала да добијам за роденден… Се постави како мој вистински татко… се грижи за мене исто како што се грижи и за неговите биолошки деца…. Тука сакам и бескрајно да му се заблагодарам за се што правел, прави и понатаму ќе прави за мене. И што понекогаш ги трпи сите мои испади поради периодот низ кој минувам и пубертетот за кој ти појма немаш….

Што знаеш ти што е тоа пубертет на ќерка, а? Е па прашај го мојот очув… Тој ќе ти објасни… Тој е татко на 3 ќерки, од кои двете се во пубертет, а тој трпеливо се грижи да не избувне, да не ни се равика и да ни удоволи…

Во нашиот дом нема мои и твои деца… Има само НАШИ! И во ништо не ме двои од останатите. Се што купува за неговите ќерки, купува и за мене… Многу пати низ годиниве наназад сум се трудела да го наречам „тато”, но нешто во мене ме кочело…
Да се вратам на муабетот….

Љубовта према своето дете не се искажува со саат време поминато (колку што ти побара во социјалното… од 12 – 13ч секоја сабота да бидам со тебе)…со него, колку да се каже дека си го земал и си го однел некаде.

Во оваа “честитка” би сакала воедно и да ги поздравам сите “татковци” кои ги оттурнале своите деца, ги повредиле, ги заборавиле и едноставно им нанеле болка во нивната душа. Направиле да не го чуствуваат зборот “тато”.. На пример, тој збор за мене е далечен, туѓ и непознат. Татко не се станува само со правење на детето и фалење на телевизија дека се грижиш за него… додека тоа дете плаче и тагува затоа што сите и го честитале роденденот само нејзиниот татко не. Татко не си доколку не му ја пружиш потребната љубов, внимание и присуство во неговото растење, созревање на своето дете.

Доколку имаш ќерка, таа во твоите очи треба да гледа свој татко, херој, свој заштитник, човек кој и е родител, најверен другар и поддршка… Оној, кој секогаш ќе ја штити од се и ќе и дава совети .. Во твоите очи, не можам да видам ништо.. Бидејќи тие очи за мене се далечни и непознати.Жал ми е што ќе ти кажам, но иако патев во минатото, сега за тебе не чувствувам НИШТО ПОВЕЌЕ… Само жал…. Ама не за мене, туку ЗА ТЕБЕ!

Ти си за жалење, и тоа премногу!!!

Секоја ќерка би го посакала својот татко крај неа за да осети сигурност и силна таткова прегратка… Да знае дека секогаш ќе има машка особа која ќе ја сака, штити, што и да е… и ќе и ја дава потребната поддршка како родител.

Многу пати жалам што сум помислила на тебе, што сум пролеала солзи за тебе, а не си бил вреден ниту за една моја исплакана солза…. И што сум правела триста невозможни комбинации, без да дознае мајка ми, само да дојдам некако до тебе…До твојот телефонски број… ДА, сум сакала да те видам, да те запознаам, мислејќи дека си човек со срце, со душа и емоции… и дека и ти мене сакаш да ме видиш.

Но се излажав… Се зафркнав… Да си сакал да ме видиш, да си имал срце и душа,и трошка совест, до сега ќе дојдеше многупати… ќе ме побараше и ќе ме видеше. Мајка ми не е монструм, ќе ти дозволеше, како што им дозволи и на татко ти и мајка ти да контактираат понекогаш со мене…

За свое дете родителите СЕ прават. Како што би рекла мојата мајка: за моите деца и од невозможното правам возможно, и нема проблем кој нема да го решам!!!” Затоа мојата мајчичка за мене е жена борец… ХЕРОЈ со кој јас го надминувам секој проблем кој го имам…! Жена, со која секогаш ќе се гордеам што ја имам како мајка!!

Многу пати сум се запрашала зошто те нема, зошто ме заборави дека постојам, зошто никогаш не си ме побарал. Но, времето е лек за се. А јас веќе не те чекам како што те чекав до скоро… Сега сум голема, своја…
Иако многу време поминало, јас никаде не брзам.. Иако ме сметаш за малечко девојче, еден ден, можеби несакајќи, ќе ме сретнеш и кога ќе ме видиш, ќе сфатиш што се си изгубил, трагајќи по пари, интереси, ненаситност, и се она што е минливо..

Додека ти се разведуваше и преженуваше неколку пати последниве 10 години, направи и неколку деца… деца, кои меѓусебно не се познаваат. А јас сум најстара од сите нив… И ЧУВСТВУВАМ ОДГОВОРНОСТ…

Не знам зошто, ама поголема одговорност чувствувам кон нив, отколку кон тебе… Ти си само еден машки примерок, кој единствениот успех кој го постигнал во животот е што успешно зачнал неколку деца… и заборавил на нив…Каква катастрофа од човек си ти… Џабе ти се сите матерјални богатства, сите пари што ги имаш, трошиш, а не си им купил ниту едно чоколадо на твоите деца… не си им кажал ниту еден убав збор… Не си исполнил ниту едно ветување!!!

Сега, дури и светот да ми го подариш, не вреди… Џабе ти е… Сега не си ми потребен, и не сакам да те сретнам..

Знам дека честиткава ќе стигне до тебе, затоа и ја завршувам во прво лице..

Нека оваа честитка допре до сите така наречени „татковци” кои ги заборавиле децата кои ги направиле…

Сакам да им посакам топлина во нивните срца, совест која нема да заспие, и љубов спрема децата кои тие ги створиле… Како и одговорност која е неопходна за да бидеш родител. Ти го честитам роденденот Александар ( извини поинаку неможам да те наречам )… иако ТИ, десетта година по ред се немаш сетено кога е денот кога јас сум дошла на овој свет…“