ВИДЕО: Русите за 4 дена уништија 600 објекти на ИД во Сирија!

Објавено: вторник, 19 јануари 2016 во 17:27
Spread the love

Руските авиони во последните 4 дена погодија скоро 600 објекти на терористите во Сирија.

ruski avion

Авионите на Воздушно-космичките сили на Русија кои учествуваат во операциите против терористите на ИСИС во Сирија во последните 4 дена извршија удари врз 579 објекти, изјави на брифингот официјалниот преставник на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.

-Авионите на руската авијација во Сирија извршија 157 воени налети – изјави тој. Ударите се изведени во провинциите Алеп, Деир ел Зор, Хама, Рака и Латакија.

Рускиот Су-25 го уништи кампот на терористите во сиријската провинција Хомс, благодарение на координациите со патриотската опозиција.

-Пред неколку дена од еден одред на патриотската опозиција добивме информации за локацијата каде што е центарот за обука на терористите на ИД во регионот на градот Касин, во провинцијата Хомс – изјави Конашенков.

-Командата на руската авијација продолжува да соработува со одредот на патриотската опозиција во Сирија кои водат борба против терористичката организација на ИД, Нусра фронт и други – додаде Конашенков.

Руските авиони ги уништија изворите на нафта и цистерните во сиријските провинции Рака и Алеп.