Руски специјалци елиминираат напаѓач што се забарикадирал во куќа (ВИДЕО)

Во Налчик, град во регионот на Кавказ во јужна Русија, безбедносните сили неутрализирале еден од членовите на разбојничка подземна банда, која дејствува на територијата на автономната руска република Кабардино-Балкарија.

ruski specijalci

Во куќата каде што се забарикадирал напаѓачот, најдени се огнено оружје и муниција.

Во ноември минатата година специјалците во градот убија најмалку 14 милитанти од банда што ѝ се заколнала на верност на Исламска држава. Претходно во друга антитерористичка акција во градот беше убиен Роберт Занкишиев, лидерот на локална ќелија на Исламска држава.