Како јадете, така ќе спиете

Тим на истражувачи од колумбискиот универзитет Мари Пјер Сент Онж во Њујорк, тврди дека помеѓу квалитетот на исхраната и квалитетот на сон постои нераскинлива врска.

Истражувањето покажало дека луѓето кои пред спиење внесуваат хамбургери или слатки имаат потешкотии со спиењето. Слатката храна, според студијата, значително го нарушува сонот и го условува организмот следниот ден да консумира храна со слична содржина.

– Поголемо внесување на шеќер во организмот се покажало лошо и луѓето кои внесуваат слатки пред да си легнат имат проблеми со спиењето, и првенствено многу им е тешко да заспијат – навеле од Универзитетот.

Консумацијата на зачинета храна пред спиење, исто така е лош избор поради потешкотиите кои таквата храна ги предизвикува во дигестивниот систем. Некои студии покажале дека зачинетата храна пред спиење го зголемува ризикот од појава на ноќни кошмари.

Освен тоа што мрсната и пржената храна не е препорачлива пред спиење поради масните наслаги, утврдено е дека таа содржи премногу калории кои му се непотребни на телото во текот на ноќта и го нарушуваат сонот.

Од Универзитетот во Њујорк порачуваат дека храната пред спиење доаѓа предвид само ако се одберат вистинските продукти. Се препорачува протеинска храна, богата со јаглехидрати и незаситени масти.