ВИДЕО: Најдобрата акција на Кире Лазаров против Франција

Погледнете како изгледаше најдобрата акција на синоќешниот натпревар на Македонија против Франција на Европското првенство во ракомет во Полска. Акцијата за гол ја започна македонската ракометна легенда Кире Лазаров со додавање за цепелин до Дејан Манасков, кој несебичне му врати со двојно додавање за цепелин кој Кире Лазаров го реализираше во голем стил како што и му доликува на нашиот најдобар ракометар. Посакуваме што повеќе вакви голови и голем успех на првенството !