(ВИДЕО) Добил дете во 101 година

Социјалната служба во Брзил тврди дека во едно зафрлено село живее најстариот човек на светот, кој верувале или не е роден далечната 1884 година.

Јоао Цоелјо де Соуза со 131 година е најстариот човек на светот. Според Гинесовата книга на рекорди Јасаро Коиде од Јапонија и понатаму го држи рекордот со 112 години.

Доколку се потврди дека неговите документи се автентични, тој автоматски би ја превземал титулата на Коиде. Но ова не е се. Тој е во брак со жена која има 62 години што значи дека Соуза ќе стане татко во 101 година од животот.

„Има денови кога е луциден, но и денови кога не ги препознава своите блиски“., вели неговата ќерка и додаде дека неговиот татко преживеал дури 6 мозочни удари.