Трогателна исповед на Флорина Магденовска “ Лекарите ми велеа дека ми нема спас“

Фитнес тренерот Флорина Магденовска има 22 години. Таа за Либертас ја раскажа својата трагична приказна ,но со среќен крај,мотивирачко искуство за сите кои треба да бидат упорни во животот и да не се откажуваат од соништата.
-Девојче, ти сигурно си имала тешка сообраќајна несреќа, нели?” -“Не, никогаш” – беше прашањето и мојот одговор на сите лекари, откако ќе ја видеа мојата рентген снимка на ‘рбетот. Вратот воопшто не беше ни приближно до правилен, рбетот ми беше искривен за 43 степени со излезен еден диск надвор од своето лежиште. Не спиев со години, се будев на 20 минути, а секогаш кога ќе сакав да вежбам тоа беше невозможно. Ми рекоа дека морам да носам шанцова кравата 24 часа, па кога сакав да вежбам, вежбав со неа.Сите ми забрануваа да вежбам, бидејќи често имав несвестици и вртоглавици и наводно не смеело за рбетот да има притисок.

florina

Многу пати за време на вежбањето, се будев на земја, бидејќи крцнал некој пршлен, па така губев свест.Вежбав 1-2 неделно, можев само толку, се до моментот кога се запознав со мојот тренер Стефан (сегашен вереник) кој беше сигурен дека може да ми помогне. Кога ми велеше дека за брзо време, јас ќе немам никакви проблеми, и дека нема ниту еден лекар да ми верува како тоа сум го постигнала, јас го гледав со неверување, и си мислев дека зборува глупости. Иако се бунев, го оставив тој да ме води.

florina1

цИ навистина..Почнав да вежбам со него, полека но сигурно да можам без проблем да ги правам вежбите. Знаев дека патот до успехот е тежок, па почнав да вежбам на “лат машината” со 5 килограми, за постепено да стигнам до 60 килограми. “Добро утро” правев само 4 пати со сопствена тежина, а сега правам 20 пати со 15 килограми, и многуууу други вежби кои ги совладав. Спиев убаво, шанцова кравата никогаш не носев, рбетот и вратот никогаш не ме болеа, можев слободно да ја вртам главата лево и десно (бидејќи порано имав вртоглавици), се беше полесно откако почнав да вежбам за инат на лекарите. Знаев дека грешат.

florina2

Па неможе сите што имаат проблеми со рбетот да бидат осудени на доживотно лежење или седење??! Почнав често да имам тренинзи и до 4-5 пати неделно, но почнав често да повраќам, па така ми открија и бактерија во желудник. Си велев:”Ехеее, ова не е ништо, па секој втор го има ”, и не го слушав мојот тренер, кога ми кажа дека и тоа може да го среди.И јас така продолжував да не внимавам на храната, тешејки се дека самото ќе помине, како и кај сите. Кога правев контролни анализи, бактеријата се размножуваше, наместо да се смалува, и така, дојдов до степен каде не можев да станам од кревет, бев бледа, повраќав по 3 пати на ден, бев нервозна, имав болки толку силни, што често примав инфузии. Се што градев месеци претходно ( со грбот), наеднаш падна во вода, тогаш веќе добив крварење во желудникот, тенкото црево беше воспалено, и ме хоспитализираа. Ми беше жал, што треба се од почеток да почнам, и решив да почнам се одново, овој пат подобро. 10 дена откако излегов од болница, влегов во теретана. Тешко, болно, ама барем бев среќна. Веќе 10 дена ја бев сменила исхраната, па се осеќав убаво.

florina3

И така, деновите поминуваа, мускулите почнаа да се познаваат, се хранев здраво, како и секој боди-билдер, добив енергија, спортот стана дел од моето секојдневие, а теретаната мој втор дом. Поминаа точно 2 години од мојот “официјален”старт. Јас сега имам стомачни, имам мускули, имам нозе за кои машките ми завидуваат , грбот е блиску до совршен со оглед на тоа каков беше. И секогаш кога ќе го вратам времето назад, се гордеам со себе, за тоа како изградив друг начин на живот во кој се јаде 5 пати (не еднаш), се вежба 5 пати (не еднаш), се прават кардио тренинзи 7 пати (не ниеднаш), се легнува рано, и се буди рано. Со ова сакам да им дадам храброст на сиииииииииииите, кои се двоумат, кои мислат дека е лесно или тешко, да почнат. Да стиснат заби, главата горе, имајте позитивни мисли, и работите ќе си дојдат на свое место. А сега, секогаш кога ќе го спомнам минатото, добивам заушка од тренерот и реченица која гласи :”Ти реков дека со вежбање и правилна исхрана се ќе се среди???”…a јас молчам…

florina4florina4Фото Стефани Павловска

Извор – Либертас