Поранешен офицер на САД: Создадена од Западот ИСИС сее ужас низ целиот свет

На 14 јануари во Џакарта, главниот град на Индонезија, избувна експлозија во близина на трговскиот центар Sarinah и зградата на ОН. Како резултат на нападот загинаа седум лица, вклучувајќи и петмина терористи, а околу 20 лица беа повредени. Според податоци на полицијата терористичкиот акт е дело на група од 10-15 борци и терористи-самоубијци. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

9idil
Поранешниот офицер од воздухопловните сили на САД Султан Махмуд Хали смета дека трагедиите во Париз, Истанбул и Џакарта се меѓусебно поврзани.

“Младото чудовиште под називот ДАЕШ се обидува да ги шири крилјата. Според мене последните терористички напади се една серија – прво Париз, потоа Истанбул, потоа Џалалабад и конечно Џакарта “, вели Махмуд Али.
” Под знамето на ДАЕШ војуваат не само етнички Арапи кои ја создадоа. Оваа организација, родена од Запад, сега сее ужас низ целиот свет “, вели поранешниот офицер.