Да помогнеме Гого да го истрча најважниот животен маратон

Во понеделник на 18 јануари во ноќниот клуб „Хавана“ во Скопје со почеток во 21 часот ќе се одржи хуманитарна вечер посветена на Горазд Николоски – Гого.

1emilija-pendeva6-640x1178

Младиот битолчанец со спортски и непобедлив дух и во овој момент, кога се соочува со најтешката здравствена и животна криза (малиген тумор на коленото) е таков каков што беше секогаш: ведар, насмеан, оптимист!

Верува дека и овој пат како и во многу други случаи ќе излезе како победник.

Неговото лекување ќе чини доста скапо, а Гого потекнува од сосема скромно семејство.

– АПЕЛ ДО СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ И СИТЕ ШТО САКААТ ДА ПОМОГНАТ И ДА ПРИДОНЕСАТ ЗА ПОБРЗО ЗАКРЕПНУВАЊЕ НА ОВОЈ МЛАД ТАЛЕНТИРАН ЧОВЕК ПОВТОРНО ДА СЕ ВРАТИ МЕЃУ ВРВНИТЕ СПОРТИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКО, ДОЈДЕТЕ НА ХУМАНИТАРНИОТ НАСТАН ВО КЛУБ ХАВАНА – СКОПЈЕ, ЗАЕДНО СИТЕ ДА ГО ПОДДРЖИМЕ ГОГО – апелираат неговите пријатели.

Вечерта ќе настапат СУПЕРХИКС, КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ, BETA HOUSE, THE BLACK AND VICE SOCIAL CLUB, ARMADILLO, BAZA 903, BRASS BROTHERS, DJ CHVARE, DJ SLAVE, ANOMALIA NATIVA + уште изненадувања и специјални гости.

Влезницата чини 150 денари.

За корисниците на ОНЕ: 075 143 650
За корисниците на ВИП: 077 143 193
За корисниците на Т-мобиле: 070143191
(со секој повик донирате 100ден +18% ддв)

Kомерцијална банка А.Д. Битола: 300067021014554
НЛБ тутунска банка: 210-5016692926-43
Горазд Николоски
Ул. Климент Охридски 3б
7000 Битола
Девизна сметка:
Acc No: 0230705560582
IBAN: MK07300307055605809
SWIFT: KOBSMK2XBTB