Вознемирувачко фото: Се уште се пука во Џакарта, мртви тела по улиците

Објавено: четврток, 14 јануари 2016 во 10:18
Spread the love

По серијата експлозии во главниот град на Индонезија што се случија пред неколку часа, се уште траат престрелките на полицијата со терористите. Според последните информации од локалната полиција, до сега има регистрирано седум мртви од кои четворица се од групата напаѓачи, а еден е полицаец.

1jakarta5

Првите слики кои беа споделени на социјалните мрежи се гледаат мртви тела по улиците, оштетени објекти од кои се уште излегува дим, насобрана маса луѓе која следи што се случува во критичните делови од градот каде што дејствуваат специјалните полициски единици.

2jakarta6