Видео: Како во Русија се пресметуваат со несовесните возачи

“Stop a Douchebag“ е името на движењето кое го основаа руските активисти со намера да воведат ред меѓу возачите, кои со своето несовесно однесување, возењето по тротоари и непрописното паркирање мислат дека се над сите останати.

Несовесноста во сообраќајот е карактеристична за Русија, па на затоа на Јутуб можат да се пронајдат неверојатен број на видео клипови кои доаѓаат од руските улици.

Токму поради тие причини групата млади активисти се подготвени да се пресметаат со секој кој не ги почитува правилата на однесување во сообраќајот.

Иако со нивните методи не сме согласни, кршењето стакла, навредливите налепници и заканите, сепак тие имаат позитивен ефект на возачите.

Погледнете како изгледа кога самопрогласените “полицајци“ ќе ве застанат.