Во Струмица ќе бидат изложени моштите на Св.Василиј

Објавено: среда, 13 јануари 2016 во 13:13
Spread the love

Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица вечер и утре ќе бидат изложени моштите на Свети Василиј. Веднаш по богослужбата, која почнува во 16 часот ќе бидат извадени моштите на светецот и ќе бидат оставени за поклонение на верниците, информираат црковните лица. 

vasilij

– Струмица е привилегирана што има дел од моштите на Свети Василиј, столбот на светото православие, рече отец Димитар Крцев од Струмичката православна епархија.

vasilij1

По повод христијанскиот празник посветен на Свети Василиј, богослужба ќе има и в четврток од седум часот, а еден час подоцна ќе започне Света Божествена Литургија.

vasilij2

Служби во црквата ќе има и в петок на 15 јануари, денот посветен на Свети Серафим Саровски, ќе се изврши помазание со свето масло од моштите на светитолот од неговиот манастир во Русија.