ВИДЕО :Сириската војска ја зазеде Латакија – Исламистите добиват помош од Турција

Сириската војска и сојузничките сили денеска го зазедоа стратешкиот град Салма во провинцијата Латакија, протерувајќи ги од него бунтовничките сили, јави сириската државна телевизија.

Војската со поддршка на провладините Национални одбранбени сили, исто така го зазеде брдото околу градот, а потоа почна да го чисти и подрачјето од мини и експлозивни направи кои „терористичките групи ги оставиле во зградите, на улиците и во продавниците“.

Ова претставува важна победа за сириската војска која во последно време била во пат позиција со бунтовничките сили.

Салма од 2012 година беше главно упориште на опозициските групи во Латакија.

Опозициските сили, вклучувајќи го и Фронтот Ал Нусра, поврзан со Ал каеда, главно се наоѓаат во севррните и североисточните подрачја на провинцијата, а провладините сили изминатите месеци тргнаа во силна офанзива да ја вратат областа со помош на Хезболах, кој го поддржуваат Иран и руските воздушни напади.

„Нашите одреди со помош на борците од народната армија ја презедоа целосната контрола врз Салма и околните висорамнини“, изјавил претставник на сириската војска за државната телевизија.

Во Сирија од декември ослободени над 150 града

Руската авијација од почетокот на годината извела 311 воздушни напади уништувајќи 1.097 терористички цели во Сирија, изјави началникот на главната управа на Генералштабот на руската војска Сергеј Рудској.

Најмногу објекти биле уништени во провинциите Алепо, Идлиб, Латакија, Хомс, Дамаск, Даир ез Зор, Хасеке, Дарја и Рака.

Рускиот генерал истакна дека биле гаѓани инфраструктурни објекти, но и погони за преработка на нафта, како и воена техника, вклучувајќи оклопни возила.

Паралелно со бомбардирањата, над 150 градови и населби биле ослободени во Сирија од декември минатата година до денес. Сириската војска ослободила и шест клучни градови во Латакија, што овозможува да продолжи офанзивата.

 Терористите добиваат помош од Турција

„Терористите продолжуваат редовно да се снабдуваат со муниција и луѓе преку Турција, и покрај напорите на меѓународната заедница за стопирање на помошта на Даеш (ИСИС)“, изјави рускиот генерал. „Помошта редовно им се носи од Турција во североисточниот дел на Сирија, преку провинцијата Латакија“.