Новиот тест за крв може да укаже на високоризична бременост

Новиот тест за крв може да им помогне на лекарите да одредат дали трудниците имаат прееклампсија, главна причина за смрт на родилките и новороденчињата ширум светот.

bremenost

Оваа состојба кај жените ја предизвикува високиот крвен притисок и зголемувањето на протеините во урината. Меѓутоа, за неа често не се воспоставува дијагноза сè додека не биде премногу доцна.

Речиси 76.000 трудници и 50.000 бебиња умираат од прееклампсија секоја година.

Меѓутоа, сега австриските научници откриле тест за крвта кој може да ги идентификува жените кои се склони за развој на ова заболувања (дури иако не покажува никакви симптоми).

Ко-авторот на истражувањето Стефан Ферлорен изјавил дека главен проблем со прееклампсијата е тој што клиничката презентација е променлива и симптомите често се неспецифични и со самот тоа не можат да укажат на точната дијагноза.

– Новиот тест за крв би можел да ни помогне подобро да ги предвидиме ризиците на оваа болест или нејзиниот развој – рекол Ферлорен.

Прееклампсијата влијае на 2 до 5 отсто трудници. Поради потребите на истражувањето научниците подоложиле на испитувања 1.273 бремени жени од 14 различни земји за кои се сомневал дека имаат прееклампсијата.

На сите трудници им е направена анализа на крвта за да се утврди односот на протеините кои ги произведува плацентата и кои се ослободуваат во крвотокот на бремена жена. Тие протеини играат многу важна улога во развојот на состојбата прееклампсија.

Со новите тестови на крвта е докажана позитивната вредност на предвидување на прееклампсијата во 36,7 отсто случаи, позитивната вредност на предвидувањето од 65,5 отсто за компликациите на состојбата на фетусите и родилките.

Доктор Ферлорен изјавил дека ваквите анализи на крвта ќе овозможат да се избегне предвременото породување и доцнењето во почетокот на примената на тетманот против прееклампсијата.