Македонец и проститутка ограбувале „клиенти“ во Загреб

Д.Г.(43) од околината на Загреб, во средината на декември минатата година одлучил да биде со девојка (18) која нудела сексуални услуги за 65 евра. Меѓутоа тој на крај станал жртва на разбојништво на тројца мажи кои му земале повеќе од 700 евра.

prostitucija-prostitutke-elitna-prostitucija-foto-shutter-1415052438-586691-620x396

Иако сите се разбегале после малтретирањето на Д.Г. кое траело половина час, полицијата во рок од 6 дена успеала да му влезе во траг на Македонецот И.С.(44), на кого загребскиот истражен судија му одредил притвор поради опасност од бегство и повторување на делото. Набрзо потоа е уапсена и девојката, додека пак до другите двајца разбојници сеуште се трага.

Како што пренесува „Jutarni list“, на 15 декември околу 15 часот во кафулето во близина на автобуската станица во Загреб, девојка на возраст од 18 години му пришла на Д.Г. кој наводно го познавала од порано. После краткиот разговор, се договориле за сексуална услуга за 65 евра. Го одвела во поткровјето на една напуштена куќа на Супилова улица. Штом влегле го ходникот, ги пречекале тројцата напаѓачи. Македонецот го имал главниот збор, иако и другите двајца разбојници викале. Го навредувале како можел да се осмели да користи туѓа девојка, бидејќи наводно девојката била во врска со еден од нив.

Потоа еден од нив му се заканил со нож, барајќи да извади се од џебовите. Поради страв Д.Г. воопшто не реагирал, па еден од нив му ја проверил облеката и торбата, а другиот го држел за да не побегне, а Македонецот го удирал со летва. Му го украле паричникот, возачката дозвола и рачниот часовник.