Еве зошто е добро да пиете топла вода со лимoн секое сабајле

Почнете го денот така што ќе испиете топла вода во која сте исцедиле лимон и ќе направите нешто добро за својот организам. Постојат неколку клучни придобивки од започнувањето на денот со една чаша здрав пијалак со вода и лимон.

voda so limun

Помага во варењето

Не само што топлата вода го штити дигестивниот тракт, туку лимонот го стимулира и прочистува црниот дроб. Покрај тоа допринесува за подобра работа на стомачните киселини.

Имунитетен систем

Цитрусите се богати со витамин Ц и аскорбинска киселина. Витаминот Ц помага во борбата против настинката, а аскорбинската киселина помага во апсорпцијата  на железо кое е исто значајно за функционирањето на имунолошкиот систем.

Детоксикација

Лимонот помага во исфрлувањето на штетните материи од организмот и претставува природен диуретик, што значи дека го помага исфрлувањето на поголемо количество течност, а со тоа и разните отрови. Лимонова киселина помага и во создавањето ензими потребни за работата на црниот дроб.

Дава енергија

Комбинацијата на вода и лимон помага во освежувањето на крвта поради што ќе се чувствувате полетно и лесно за да ги извршите секојдневните обврски.