Франција: Евакуирано училиште поради дојава за бомба (ВИДЕО)
Објавено:
понеделник, 11 јануари 2016 во 16:38
Средно школо на северот од Франција е евакуирано поради дојава за бомба, според споделувањата кои се објавени на Твитер.
Се работи за школото „Муреил Гренет“ во општината Компјенј во кое учат 3000 ученици.
Мерките за безбедност во оваа земја се на највисоко ниво со оглед на двата најголеми терористички напади кои се случија во 2015 година.