Eве зошто децата толку ги сакаат своите тетки

Тетките имаат големо и важно влијание врз детето, кое целосно се разликува од она кое го имаат родителите.

bebe-tetka

Тетките се „кул” возрасни личности

Со оглед на фактот дека нема одговорност како родителот, тета ја покажува својата детска страна. Кога се сеќаваме на нашите тетки, обично тоа се забавни моменти преполни со игра. Тетката умее и смее да биде вистински забавувач.

Таа е верен советник

Децата често разговараат со тетките на теми за кои им е непријатно да зборуваат со своите родители. Таа дава одлични совети без предрасуди, чува тајни и отворено зборува за своите искуства.

Тука е кога другите немаат време

Таа секогаш ќе пронајде време да го сошие фустанчето за куклата, да го одведе внучето на концерт или претстава. Тетката е значаен дел од искуството на детето. Таа е секогаш тука кога е потребна и децата се чувствуваат посебно во нејзиното присуство.

Тета е пример

Во ова модерно време, децата се под влијание на медиуми и пријатели, кои не секогаш се позитивен пример. Тетката е алтернативен пример на фамилијата, пример за кариера, за однос со семејство, хоби или вредности.

Тетката може да ги замени родителите

Секако, не буквално, но кога мама и тато се зафатени или се некаде на пат, тетките се тука заедно со своето внимание и љубов. Ако мама е отсутна, тетката е таа која ќе го подготви омиленото јадење и ќе помогне со домашната задача. Токму и затоа, тетката станува најблиска личност на детето.

Охрабрува

Тетката секогаш е на страната на детето и секогаш навива за него, без разлика дали станува збор за спорт, хоби или некој негов друг интерес. Тоа на децата им дава посебно чувство на припадност.