Емотивна исповед на момче чија девојка се бори со анорексија: Десет причини зошто сакам Ема да оздрави

Анорексична танчарка која вежбала секојдневно по 6 часа вели дека била спасена од своето момче со романтична листа на причини поради кои треба да живее.

анорексија

Ема Стоукс од Хантингтон, Велика Британија драстично ги изгубила килограмите, од 58 килограми стигнала до 41 килограм, откако во 2013-та година починала нејзината баба.

25-годишната наставничка по танц станувала рано наутро е вежбала, а потоа уште 4 часа предавала. Згора на тоа, дневно консумирала помалку од 600 калории.

Подготовката на просторот предвиден за едукација на врвни шефови на кујни и кулинари, послуга и сомелиери е во завршна фаза.

анорексија1

Нејзиниот партнер, 26-годишниот Крис Вејр, цели две години бил загрижен за нејзиното здравје – циклусите престанале, а на крајот морала и да се откаже од часовите, бидејќи постојано била заморена.

анорексија2

Бројни терапии не и помогнале, сè додека не добила емоционална порака од своето момче, во која тој и ги наведува сите причини зошто треба да живее и ја запросува.

анорексија 4

На листата именувана како „Зошто сакам Ема да оздрави“ тој наведува 10 причини:

1. Сакам Ема да има можност да има деца – таа е фантастична професорка. Ќе биде одлична мајка!

2. Сакам да ја видам Ема како завршува уште еден маратон.

3. Сакам да ги освоиме трите врвови.

4. Сакам да оздрави за да може понатаму да им помага на другите.

5. Сакам да оздрави за да ги доведе до максимум нејзините вештини како професор по танцување.

6. Го сакам нејзиното стомаче назад.

7. Сакам да ја согледа нејзината вистинска убавина однатре и однадвор.

8. Сакам да биде среќна – сакам да живее, не само да постои.

9. Сакам да изгледа и да се чувствува одлично на нејзиниот свадбен ден!!

А, потоа, на другата страна ја наведува и 10-та причина: „Ќе се омажиш ли за мене?“

анорексија3

Оваа порака претставувала искра надеж не само за нејзиното момче, туку и за Ема, па нејзината состојба полека, но сигурно се подобрува.

„Сега, секогаш кога имам лоши мисли, размислувам за иднината. Мојот циклус не се врати, но сакам да имам деца и тоа ми дава надеж“

Ема и Крис планираат да се венчаат во август.