Драма во аптека во Скопје – Се заканувал дека ќе ја зарази со СИДА ако не му даде „вијагра“

Непознат сторител синоќа околу 18.30 часот извршил разбојништво над вработена во аптеката „Виола“ во трговскиот центар Буњаковец во Скопје, при што одзел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии „Вијагра“.

kr

МВР соопшти дека сторителот кога влегол во аптеката со шприц и се заканил за вработената дека ако не му даде пари ќе го употреби и ќе ја зарази со сида. Откако ги земал парите,  побарал и таблети вијагра. Кога ги зел и таблетите излегол и се упатил во правец на Универзална сала.

Се презземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.