ВИДЕО: Вака Русите се пресметуваат со педофилите

 

Момците од Русија, ги штитат децата ширум земјата од педофили така што ги намамуваат сексуалните манијаци преку друштвените мрежи, а потоа ги снимаат и видео материјалите на кои осомничените педофили се во главната улога ги поставуваат на интернет.

Групата е составена од 15 момчиња предводени од Данил Шаманов (31). Тие ги отвораат профилите на друштвените мрежи преку кои педофилите ги врбуваат и бараат децата. На интернет се претставуваат како дечиња и девојчиња.

По одреден период педофилите излегуваат од сенката, воспоставуваат контакт со нив. Како што минува времето многу од нив сакаат да организираат и да имаат средба со децата со кои се допишуваат.

Конечно кога средбата ќе биде договорена, педофилот наместо децата на закажаното место, кое обично е стан или куќа, го чекаат 15 крупни момчиња. Тие средби се забележани со видео камера, а снимените материјали се поставуваат на интернет. Неретко, педофилите им се удира тежок ќотек.

„Тоа е нашиот метод. Им покажуваме како можеме да ги фатиме луѓето користејќи ги социјалните мрежи“, вели Шаманов.

Тој додава дека со поставената содржина на онлајн ги открива имињата и изгледот на педофилите. Така групата соработува со полицијата, која, по нивната акција, ги апси или покренува случаи против повеќе од 30 педофили.

Шаманов објаснува дека групата е формирана во 2009 година кога еден негов пријател се предозирал со дрогата “крокодил” по што починал, а тие оттогаш решиле да се одмаздат.

“Не сакавме буквално да ги претепуваме дилерите на дрога за да не завршиме во затвор. Добро, ги тепавме но доволно за да не завршиме во затвор. Потоа, продолживме со ловење на педофили со цел да направиме некое добро дело.” – вели Шаманов.

Групата на Шаманов не е единствена ваква во Русија. Имено, една група слична на онаа на Шаманов фатила педофил на возраст од 27 години кој мислел дека оди на средба со 15 годишно момче, но на средбата го начекале неколкумина го претепале, а на челото му напишале “Педофил”, снимката ја споделувале на социјалните мрежи со порака “Ако не го споделиш ова тогаш си геј!”