(ВИДЕО) Путин спрема армија глувци против џихадистите

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да го лансира своето ново оружје во борба против терористите, а во прашање е армија на киборг-глувци, како што пренесуваат странските медиуми.

PUTIN

Научниците планираат да ги искомбинираат новите технолошки достигнувања со природни живи глувци, што ќе резултираат со многу способности како глодари кои ќе намирисаат експолозив на џихадистите на некои малку достапни места.

Животните ќе можат да ги предупредат своите газди за опасна или илегална материја на време, доколку во експериментот се покажат како успешни. Меѓутоа, се појавува една препрека, а тоа е дека е потребен период од три месеци за да можат глувците да почнат со својот потребен тренинг,.Ова животно живее само една година, така да експертите ќе мораат да обучуваат цел батаљон од стаорци.

Три тима работат на проектот во лабаторијата за неуротехнологија на прецепцијата и препознавање на јужниот федерален универзитет со надеж дека ќе развијат додатни неурони задолжени за појак мирис кај стаорците за да им овозможат на нивните носови да станат уште поосетливи.

Миркочипот, кој изгледа како перика за стаорци, ја детектира физиолошката реакција на стаориците пред што стаорецот почне да реагира, Заблагодарувајќи се на посебните алгоритми, научниците ќе собираат податоци за церебралната реакција на стаорците на различни мириси. Пред тоа, тие мора да ги обучат животните да препознаваат експлозив и дрога, што може да биде многу комплицирано.

Ова не е прв пат глодарите да се користат во слични ситуации, пример за тоа се афричките хрчци-стаорци кои откривале мини во Анголиа, Танзанија, Мозамбик, Камбоџа и Тајланд. За истите намени Колумбија ги користи на своите аеродроми, додека Израел стаорците ги користи за контрола на багажот.