„Што ме гледаш“, причина за убиството на 19 годишното момче

Објавено: вторник, 5 јануари 2016 во 11:54
Spread the love

Полицијата поднесе кривична пријава против 19 годишниот А.А. од Скопје кој е осомничен за нанесувањето на тешките повреди со смртни последици на 19 годишниот Леарт Адеми пред два дена.

На осомниченото лице му е одреден притвор во времетраење од 30 дена.

Деталите за случајот говорат дека додека Леарт со 16 годишниот другар се движеле по улицата „Ресенска“ пред два дена биле пресретнати од сега осомниченото момче.

Осомничениот на другарот на Леарт му се обратил со зборовите „Што ме гледаш“, по што започната била расправија меѓу тројцата. Во еден момент, 19 годишниот А.А. извадил нож и му нанел три убоди во пределот на градите и стомакот на Леарт, а на малолетникот расекотина во пределот на увото.

Со возило на случаен минувач Леарт бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде лекарите можеле само да констатираат смрт.

Над осомничениот било извршено препознавање од страна на малолетното лице.