Ракот би можел да се уништи со бактерија?

Експерименталните третмани досега се вршени воглавно на кучиња(домашни миленици),но истражувачите се надеваат дека откриле ефикасна анти- канцер терапија за луѓето.

rakkk

Употребата на бактерии во терапија на ракот не е нов концепт. Прв пат е пробана пред околу еден век. И покрај ветувачките резултати, микробната терапија се повлече пред моќните цитостатици и зрачењето.

Но денес научниците повторно ја враќаат употребата на бактериите во третман на туморите.

Модифицираните спори на бактерија од почвата наречена- C.novyi ,е директно вбризгана во туморите кои природно се појавуваат кај кучињата и тоа на група од 16 кучиња.

Кај три кучиња туморите потполно исчезнале во рок од 21 ден од инјектирањето на спорите. Кај други три кучиња од групата ,туморот се намалил за најмалку 30 проценти.

Во меѓувреме,кај пациентка со тумор на меко ткиво во напредна фаза кој бил проширен на стомакот,третманот со спори значително го намалил туморот во и околу коската на раката од каде што туморот првично потекнувал.

Бактеријате е модифицирана ( ослабната ) бидејќи вбризгувањето на бактеријата во целата своја снага би можело да доведе до  фатална инфекција.

Шибин Зуа е шеф на експериментална терапија на Медецинскиот факултет во Мериленд.

“Спорите на C.novyi опстојуваат во средина сиромашна со кислород,како што е средината на туморот.Штом се вбризгаат,спорите почнуваат да ги уништуваат клетките на туморот до кои класичните третмани  за канцер не можат да допрат”- објаснува тој.

Кога бактеријата расте, таа ги лишува клетките на туморот од материте со кои тие норлмално се хранат. Исто така утврдивме дека бактеријата лачи ензими кои ги деструктуираат протените и другите работи кои им се потребни на туморот што е уште поваѓн, микробите ќе потикнат јак имунитет кои ја напаѓат не само бактеријата туку и канцерогените клетки, вели Зуа.

Во експериментите со глувци,бактериската терапија покажа спор имун одговор против клетките на ракот.Ваков одговор сеуште не е забележан кај кучињата или луѓето.

Стаорците со тумор на мозокот после бактериската терапија преживеале 33 дена,за разлика од стаорците кои не примиле таква терапија кои преживеале 18 дена.

Зуа вели дека истражувачите се бидуваат да произведат бактерија што ќе покаже помалку несакани ефекти од инфекцијата,како и да пронајдат други микроби кои би можеле да се употребат во борба против ракот.

За да се добие посилен анти-канцер ефект можно е бактериската терапија да се користи во комбинација со хемотерапијата и зрачењето.

енаука.мк ( реобјавена статија )