Најмалку осуммина повредени во силна експлозија во Драчево

Најмалку осум лица се пренесени во Градска болница по експлозијата на плинска боца во семејна куќа во Драчево.

Сѐ уште нема официјални информации за сериозноста на повредените, но според првичните информации тие имаат тешки изгореници.

Плинската боца експлодирала нешто по 15 часот. Полицијата и противпожатната екипа е на местото на настанот. Неофицијално запалени се две куќи.