Голема експлозија во Драчево- има повредени

Пред 20 минути експлодирала плинска боца во семејна куќа во скопската населба Драчево. Бројни полициски и медицински возила се пристигнати на местото на настанот, објави Плусинфо. 

Во експлозијата на плинска боца, две куќи на ромски семејства се целосно опожарени. Десеттина противпожарни возила се борат да го спречат ширењето на пожарот кон другите куќи во селото.

Целата населба е евакуирана. Сликата на местото на настанот е морничава. Борбата со пламените јазици продолжува.