Германија во шок: „Арапски и северноафрикански банди“ масовно напаѓале и силувале жени (ВИДЕО)

Сосема е неприфатливо нашите градови да станат зони на безаконие. Нашите граѓани и нашите гости мора да се чувствуваат безбедно“, изјави градоначалничката на Келн Хенриете Рекер непосредно пред денешниот кризен состанок на кој претставници на политиката и безбедносните служби ќе се обидат да анализираат како се случила ескалацијата во новогодишната ноќ кога, според сознанијата, група од над илјада странци од арапско и африканско потекло почнала да дивее на околу главната ѓелезничка станица во Келн.

germanija

Притоа дошло до масовно сексуално малтретирање на жени, грабежи а пријавен е и случај на силување. „Беше страшно, ги имаше стотици, нѐ опколија и сексуално нѐ малтретираа“, сведочела една од стотината жени кои поднеле кривични пријави.

Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија Ралф Јегер најави дека полицијата „системски“ ќе го обработи секој случај и дека во иднина ќе има засилено присуство на чувствителните места.

„Не можеме да прифатиме групи мажи да се организираат за да понижуваат беспомиошни жени со безобразни сексуални напади“, изјави Јегер. И сојузниот министер за правосудство Хеико Маас најави казнување на извршителите „до последниот“. Според актуелните информации на полицијата, насилниците се азиланти од северна Африка на возраст од 15 до 35 години кои, со оглед дека немаат шанси за стекнување траен бегалски статус, во Германија доаѓаат за да се занимаваат со криминал додека трае процесот на обработка на барањата за азил.

Откако германските медиуми почнаа да пишуваат за настаните во Келн, и од другите поголеми градови како Хамбург и Штутгарт пристигнале вести за слични случаи. Според онлајн весникот Хафингтон пост, трговијата со дрога во Келн и другите големи германски градови е „цврсто во рацете“ на северноафриканските банди кои во прифатилиштата за бегалци регрутираат нови криминалци. Освен со трговија со дрога, овие криминални групи се бават и со организирано ограбување и провалување во станови и автомобили.

Но нападите мкои во новогодишната ноќ се случувале на железничките станици на германските градови претставуваат, според претседателот на полициската управа на Келн Волфганг Алберс, „нова димензија“ на насилство.

Политичарите во Келн стравуваат дека слични сцени би можеле да се случуваат и во февруари кога познатиот Келнски карневал привлекува над милион гости од целиот свет. Нападите во Келн повторно ја разгореа дебатата за сфаќањето на жената во традиционалниот муслимански свет која се разви со доаѓањето на стотиците млади мажи од исламскиот дел од светот

„Долго ги табуизиравме, но ние конечно мора да се соочиме со нормите на машкото однесување во муслиманската култура која го одобрува насилството“, порача преку Твитер поранешната министерка за семејство Кристине Шредер од владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ).