Момче силувано од командант на ИД и фрлено од зграда

Еден од командантите на злогласната организација се заљубил во 15-годишно момче, кое со месеци го силувал. Кога водачите на џихадистите дознале за ова изживување, донеле нечовечка одлука.

Mомчето го фрлиле од покривот на една зграда на Деир ез-Зора во Сирија, затоа што било „хомосексуалец“, додека командантот, познатиот Абу Заид ал-Џазрави, го пратиле на фронт во северозападен Ирак.

На ужасната егзекуција присуствувале многу луѓе, јави сириската новинска агенција АР.