Фото: Двојката која по осум години неплодност доби два пара идентични близначки

Ешли и Тајсон Гарднер два дена пред Нова година го прославија првиот роденден на своите 4 ќеркички. Парот од Јута во 2014 година го расплака светот со својата приказна за осумгодишната борба со неплодноста и со неверојатната вест дека ќе добие два пара идентични близначки.

01

Иви, Инди Меј, Есми и Скарлет се родија во 29. недела од бременоста и тежеа по помалку од 1 килограм, а сега ги изненадуваат родителите со своето неверојатно брзо растење. Нивниот прв роденден беше овековечен со прекрасни фотографии.

03

„Беше тешко кога постојано нè прашуваа зошто сè уште немаме деца. Ми се смачи да давам изговори за нешто што не беше под моја контрола и емотивно ме засегнуваше многу. Се отворив и не можев да поверувам колкава поддршка добив од сите. Дури и од луѓе кои не ги познавам. Беше прекрасно чувството да не морам повеќе да ја кријам оваа ужасна болест на неплодност и отворено да зборувам за тоа! Научив дека многу други парови поминуваат низ истото. И оттогаш имам можност да им помогнам на многу други кои се мачат и се чувствуваат сами во текот на тоа патување кое го крши срцето“ – раскажа Ешли во интервју за CNN. Ешли, која страда од ендометриоза, забремени со ин витро постапка, но веста дека ќе добие четири деца беше вистинско изненадување за неа. Нејзината реакција во моментот на дознавањето на среќната вест беше овековечена со фотографии и стана интернет хит.

01 (1)

02

06 (1)

04

Додека се бореле да добијат позитивен тест за бременост, Ешли и Тајсон ја криеле својата ситуација од најблиските, но прашањата „Кога дете?“ биле пречести за тие да можат да останат рамнодушни на нив. Затоа решиле да се отворат пред семејствата и да ја споделат својата приказна. Поддршката која ја добиле била огромна.

05

Слатките сестрички беа фотографирани и за време на празниците.

17

18

19

20

21

31

35