Турската војска уби речиси 300 курдски бунтовници

Објавено: недела, 3 јануари 2016 во 15:46
Spread the love

Речиси 300 курдски бунтовници, припадници на Курдската работничка партија (ПКК), се убиени во рациите спроведени од турската војска во трите изборни единици во југоисточна Турција, соопшти во петокот турскиот Генералштаб.

Војската во соопштението на својата веб-страница додава дека 179 милитанти се убиени во областа Чизре во провинцијата Сирнак, 27 во Силопи, а 55 во населбата Сур во југоисточната провинција провинција Дијарбакир. Во областите, кои од декември се под полициски час, војската расклопила десетици импровизирани експлозивни направи. Тие, исто така, уништиле училиште, кое наводно милитантите го користеле за обука.

Анкара во декември ги засили своите воени операции на границата со Сирија и Ирак. Оваа област е упориште на ПКК, која Турција и НАТО ја сметаат за терористичка организација. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги продолжи операциите додека областа не се исчисти од курдските милитанти.

Курдите веќе долго време водат кампања за правото на самоопределување и поголема автономија во Турција, каде што се најголемо етничко малцинство. Кон крајот на декември, на конгресот на курдските невладини организации беше повикано на југоисточниот регион на Турција да му се додели автономија преку уставни реформи.