ФОТО: Се прошири фотографија од ултразвук со ѓавол до бебе

Објавено: недела, 3 јануари 2016 во 16:27
Spread the love

Еден од најубавите настани во животот на секој човек е поглед на бебе во стомакот на мајката, но за овие родители таа глетка беше вистински хорор.

bebe1

Тие на ултразвук здогледале мошне невообичаен облик кој наликува на демон или слична натприродна сила.

Фотографијата која брз по објавување стана вирална, стигна и до насловни страни на светските медиуми, како што е Мирор.

Луѓето се склони да поверуваат во натприродни работи, па така цели 700 000 луѓе на разни социјални мрежи коментирале дека во прашање се натприродни сили.

bebe2

Сепак, има многумина  кои сметаат дека овој лик наликува на добронамерна сирена или индиско божество.

Секако, најверојатно е во прашање само одблесок на ултразвучната снимка. Тоа што е нејасно е зошто идните родители би споделила ваква фотографија на социјални мрежи.