Албанија и Косово пат на џихадистите

Заинтересираноста за џихадизмот меѓу населеноето од албанско говорно подрачје ја зголемува загриженоста на европските и американските антитерористички служби, а мрежите на албански џихадисти регрутираат следбеници меѓу албанската дијаспора во Европа, вклучувајќи ја и Италија, пишува денеска италијанскиот весник „Стампа“.

Во тој контекст, Косово во Европа има најголем број борци, кои војуваат во Сирија пропорционално со бројот на населението, додека џихадистите од албанско потекло заземаат високи позиции меѓу исламистичките милиции, нагласува весникот.

Корените на овој проблем, според „Стампа“ потекнуваат од 1990 година, кога Балканот стана погодно тло за освојување и ширење на вехабизмот.

Иако првобитно стигнале за да пружат хуманитарна помош во конфликтот во тој период, саудиските, кувајтските и институциите на други заливски земји создадоа мрежа од џамии и центри за верски студии, чија вистинска цел било ширењето на милитантната интерпретација меѓу локалното население, додава весникот.

Според „Стампа“ тоа наишло на добар прием меѓу најмладите, погодени од сиромаштија и невработеноста и тие биле привлечени од силната порака на вехабизмот. – Новата генерација балкански имами е формирана меѓуостанатото благодарение и на великодушните стипендии на фундаменталистичите школи на Арапскиот Полуостров и тие по враќањето дома во многубројните новоизградени џамии (сто се изградени на Косово за само десет години) почнале да го шират отровот на џихадизмот, пишува весникот.

Дваесет години подоцна производ на сето ова е мобилизација на џихадисти, кои доаѓаат во Сирија, при што борците од албанско потекло таму изнесуваат околу илјада. Од Косово се околу 900 борци, покажуваат податоците на италијанските разузнавачки служби и КФОР.

Нивните мрежи, додава весникот, се софистицирани и често испреплетени со моќниот локален криминал, така што се добро вооружени и финансирани.

Меѓу европските земји, посебно во Италија директно пристигнуваат џихадисти преку балканската рута. Радикалните албански имами често доаѓаат во џамиите во Италија и тука ги шират своите идеи и меѓу најактивните, кои вршат регрутација на борците за Сирија и ИД, пишува „Стампа“.