Свети литургии по повод претстојните празници

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во вторник на 5-ти јануари во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи Света архиерејска златоустова литургија, со почеток во 8:45 часот.

pravoslavieee3

Во среда на 6-ти јануари по повод Бадник-Коледе ќе се служи Света Василева литургија во сите охридски цркви.

По повод големиот христијански празник Рождество христово Божиќ во четврток на 7-ми јануари ќе се служи Света архиерејска златоустова литургија во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Охрид, со почеток во 8:45 часот. Света злаустова литургија по повод Божиќ ќе се служи во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8:30 часот. Во манастирот „Свети Климент Охридски3 на Плаошник нема да има богослужба на тој ден.

По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, на 8-ми јануари Света архиерејска златоустова литургија ќе има во Црквата „Света Богородица Челница“ со почеток во 8:45 часот. Света литургија ќе се служи и во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8:30 часот.

По повод празникот Свети Стефан-трет ден Божиќ на 9-ти јануари, Света литургија ќе има во манатирот „Свети Стефан“ и во сите парохиски цркви со почеток во 8:30 часот. Во манастирот Свети Климент Охридски на Плаошник нема да има богослужба на тој ден.