Поради носталгија се враќа германската марка

Потрошувачите во Германија ќе можат да го почувствуваат духот на старото време во новата година во еден ланец на супермаркети, кои во оптек ја вратиле германската марка. Трговскиот ланец Кауфленд ќе им овозможи на оние кои имаат од овие стари пари, да се “ослободат“ од нив во периодот од 4. до 30 јануари годинава.

Уште од времето кога еврото беше воведено во 2002 година, германските десничарски политичари повикуваат на враќање на марката. На кратко, супермаркетот ќе им ги исполни нивните соништа.

Овој потег, супермаркетот Кауфланд го оправдува со фактот дека владее голема носталгија за старите времиња, а со тоа и носталгијата кон валутата марка е многу силна.

Од 4 јануари до крајот на месецов секој кој ќе пазари во тоа место ќе биде во можност да плаќа со старата валута, ќе може да ги потроши старите марки по курс од 1,95 марки за евро.

Како носталгијата би била уште поголема, супермаркетот реши многу од производите, да бидат спакувани како тие од времето на Западна Германија во 60-тите години.

Сепак можно е голем дел од Германците да не сакаат воопшто да ги разменат старите марки, односно омилената валута, која за нив има голема сентиментална вредност.