Исламската држава повторно напаѓа

Борци на екстремистичката Исламска држава нападнаа ирачка воена база во близина на Рамади, само неколку дена откако градот беше заземен од владините сили.

Портпаролот на ирачката армија изјави дека во нападот учествувале бомбаши-самоубијци.

Ирачката армија возвратила на нападот, а имала и поддршка од воздух од коалицијата предводена од САД.