Балканска бригадa, терористичка група од албански џихадисти се заканува на Италија

Италијанските власти и служби за безбедност дадоа знак за узбуна затоа што е утврдено дека опасноста од тероризмот не доаѓаат само од Либија и Сирија, туку нов терористички фронт против Италија се отвори и на истокот, опасноста се нарекува Балканска бригада… а заканата ститгнува преку Албанија и Косово.

Тоа денеска го пишува италијанскиот весник Стампа, повикувајќи се на извори на италијански безбедносни служби и КФОР на Косово, каде, според податоците на НАТО силите, има преку 900 исламистички терористи.

Весникот од Торино, укажува на тоа дека малку се знае, но експлозијата на жарот меѓу албанските џихадисти ги загрижува американските и блискоисточните антитерористички служби.