ВИДЕО: Спречен терористички напад во Минхен

Две железнички станици во Минхен, Германија, беа евакуирани и возовите запрени на новогодишната ноќ, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на портпаролот на полицијата во Минхен, наведувајќи загриженост за можен терористички заговор.

epa05084929 People walk past the main railway station in central Munich, Germany, 31 December 2015. Police evacuated Munich's main train station and a second station in the city's Pasing district in response to a credible terrorist threat to the Bavarian capital, authorities said. No trains are approaching the main station, Germany's second busiest, and the outlying station, police said on Twitter. 'In response to credible reports, Munich police believe that there is a threat of a terrorist attack in the Munich area. According to available information, which we have judged to be credible, an attack is intended to be carried out on the evening of 31 December 2015,' police say on Facebook. EPA/SVEN HOPPE EPA/SVEN HOPPE

Планирани самоубиствени напади беа пријавени, поврзани со ИСИС, изјавија официјални лица.

Полицијата добила “конкретни информации што силно укажуваат на тоа дека постојат планови за можни терористички напади во Минхен, посебно во однос на главната железничка станица и железничката станица во (западниот округ на) Пасинг.”

Минхенската полиција изјави дека официјални лица тоа го сметаат како информации во врска со заканата од напад на новогодишната ноќ и се третираат како сериозни и веродостојни.