Годината започна со три први родени бебиња

Две машки и едно женско бебе се првите родени бебиња во оваа година на територијата на градот Скопје. Бебињата се родените на Клиниката за гинекологија во Скопје во една минута по полноќ.

bebe

Едното бебе е машко и е трето дете во семејството, а другите се близначиња и се први деца.

Машкото бебе е тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри од мајка  Јована Андоновска Буриловска, родена 1978 година од Скопје, општина Карпош, додека другата родилка е Александра Андонова   родена 1982 година која родила близнаци и тоа женско кое е тешко 2 килограми и 290 грама и долго 47 сантиметри, а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама и долго 48 сантиметри.

Денес (01.01.2016г.) во 11,30 часот Мајките и бебињата денеска ќе бидат посетени од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, која на првороденчињата, ќе им подари штедни книшки со 20.000 денари и други пригодни подароци.