ВИДЕО: Погледнете го „Опиумот“ на Лоба

Викторија Лоба го заврши видео записот за темата “Опиум” кој се снимаше изминатава недела во Маврово и Козјак. На видеото работеше „ExitB продукција“.

Сакав “Опиум” да добие видео запис и да ја претстави визуелно песната, ја слушам како се врти на радио станиците (Голема благодарност до нив!) сега редно е публиката да ја доживее песната на ТВ. За стајлингот се погрижија Ламас и Шевро, шмињката е на стилистката и мејкап артист Магдалена Медичи, вели Викторија Лоба.

Инаку Викторија Лоба, Новата Година ќе ја дочека во Охрид на градскиот плоштад, каде Охриѓани но и гостите ќе можат да уживаат во македонските хитови во живо.