ВИДЕО: Диригент на сред концерт почна да пропагира ислам

На традиционалниот концерт за Божик во Амстердам, во моментот кога Холандскиот национален концерт почна да изведува композиција, диригентот го зеде микрофонот се сврти накај публиката и почна да го проповеда исламот.

ПРПОВЕДНИК

Меѓу многубројните вљубеници во класичната музика, во публиката беше и холандската кралица Беатрикс.

– Жал ми е, знам дека можеби не е соодветно. Во името на Алах, најмилостивиот, јас сум принуден ова да го правам- почнал да зборува диригентот, а потоа цитирал и стихови од Куранот.

„Јас сум слуга на Алах. Тој ми даде откровение и ме направи пророк. Тој ми даде благослов каде и да сум … да се молам и да бидам милосрден додека живеам, да бидам љубезен кон мајка ми, а не арогантен и лош. Мирот е со мене, од денот кога се родив, до денот кога ќе умрам и кога повторно ќе почнам да живеам.  Јас сум Месијата “– продолжува да зборува диригентот, додека оркестарот во паника ја напушта сцената.

„Ништо не се случува, нема бомби, останете на свои места, не сум лудак” – вели диригентот додека музичарите продолжуваат да ја напуштаат сцената.

Потоа доаѓа обезбедување и го симнува диригентот од сцената.