ФОТО: Ги красеа насловните, но умреа под ужасни околности – случајност или зла судбина?

Овие убавици ги красеа насловните страни со својата убавина, но сите починаа под грозоморни околности. Случајност или навистина зла судбина?

Босанската старлета Слаѓана Гудураш која загина во автомобил, е третата девојка од насловната страна на „ЦКМ“ која трагично го загуби животот. Покрај неа, таа судбина ја делат и Владислава Червенко (25) и пејачката Ксенија Пајчин, кои се брутално убиени.

Слаѓана Гудураш е пронадејна пред една недела мртва во искршен „голф“ во канал покрај патот. Нејзините фотографии ја красела насловната страна на 122-иот број на „ЦКМ“, во јануари и февруари оваа година.

1ubavica naslovna

Како што пишуваат српските медиуми, разголените фотографии на манекенката Владислава Червенко, се објавени во 99-иот број на „ЦКМ“ во ноември 2011 година. Владислава точно една година подоцна, во ноември 2012 година беше убиена од нејзиното долгогодишно момче Дариан Мушиќ (26). Тој брутално ја малтретирал и удирал до смрт во станот во Нови Сад.

2ubavica naslovna

Атрактивната пејачка Ксенија Пајчин се фотографирала за 19-иот број на „ЦКМ“, кој излегол во март 2005 година. Ксенија во 2005 година со куршум од пиштол ја уби нејзиното тогашно момче – црногорскиот манекен Филип Каписода кој потоа се самоуби. Се шпекулираше дека мотив за убиството е тоа што Ксенија сакала да го остави Филип. Каписода пукал во нејзиното чело, а потоа пиштолот го ставил во својата уста и го повлекол орозот.

3ubavica naslovna