ВИДЕО: Oперација на срце врз буден пациент, за прв пат изведена во Македонија

На Клиниката за државна кардиохирургија врз четворица пациенти е изведена трансартериска аортна валвуларна имплантација, процедуранаречена ТАВИ.

operacija-srce

Една од четирите интервенции по прв пат е направена со локална анестезија, значи пациентот додека се работела интервенцијата бил во свесна состојба.

Постапката се врши на буден пациент и се става залисток без да се запре срцето и без да се отвори градниот кош.