Видео: Божиќно чудо – бебе излета од автомобил и остана живо

Само чудо го спаси седуммесечното бебе од сигурна смрт откако излета од автомобил.
Во саботата на 26 декември во Горичан пијан малолетен возач (16) се забил во автомобил кој вртел во двор во Првомајска улица.

Од силината на ударот возилото е отфрлено, а од него испаднало седуммесечно машко бебе кое седело во скутот на мајката на задното седиште. Бебето по излетувањето од возилото го спасила елка која се наоѓала во негова близина. Капчето на детето се закачила на гранка и бебето останало да виси додека не пристигнала помошта.

Добро е што родителите останале живи зошто нивното возило отфрлено при ударот продолжило да се движи и удрило во ѕид. Автомобилот со кој управувал малолетник излетало од коловозот и удрило во бетонска бандера.

Алкотестот кај пијаното момче кое како малолетник немало возачка дозвола, покажал 0,72 промили алкохол.