„Вечниот Бог“ – Божиќна честитка од Тамара, Елена, Стефан и Димитар (видео)

На иницијатива на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, од страна на нашиот композитор Владимир Димовски, голем пријател на манастирот и соработник во музичките проекти, беше направена оркестрација на традиционалната Божиќна песна „Вечниот Бог“, со што за првпат кај нас овој карактеристичен напев беше прилагоден за инструментална изведба.

bigorski

Притоа, вешто доловувајќи го нејзиниот богат источно-византиски православен мелос, нашите естрадни уметници Тамара, Елена, Стефан (Некст Тајм) и Димитар, во соработка со Македонската Филхармонија, направија една прекрасна компзиција, своевидна Божикна честитка до благоверниот народ, за која беше изготвен и видео запис.

За подготовката на спотот се погрижи Горила Филмс, чијашто екипа најусрдно и со голем ентузијазам во текот на само два дена направи еден чудесен приказ на празничната Божикна атмосфера во свештената Бигорска Обител, како извонредно надополнување на пораката за љубов и духовна радост што извира од стиховите.

Дел од костимите беше изработен од долгогодишната соработничка на Бигорскиот манастир и верна пријателка, Елена Пандева од модната куќа Елена Лука. Голема благодарност и до нашите виртуози, изведувачи на традиционални инструменти, Константин Секолуски – ут, и Хустреф Саид –канон.