Избелете ги забите со јаболков оцет

Јаболковиот оцет има многу лековити својства со кои би можел да се прогласи за лек. Помеѓу останатото, со него можете да ги избелите и забите.

zabi-630x315

Овој оцет се добива со ферментација на јаболки, богат е со пектини и одличен за прочистување на устата и грлото. Ги убива бактериите, ги отстранува дамките од забите и го чисти каменот.

Како да го користите јаболковиот оцет за избелување на забите?

Ставете една супена лажица оцет во една голема чаша вода (2,5 дл) и промешајте. Секое утро, пред миење на забите, жабуркајте со растворот од оцет, а потоа исчеткајте со четКа за заби. После тоа измијте ги забите со паста, како и обично.

Важна напомена:

Пазете да не направите многу силен раствор од пропишаниот бидејќи така можете да ги оштетите забите.

Секој пат пред жабуркањето измешајте ја преостанатата течност во чашата.